🎓 На 15 септември, Амбасадорот на Русија Дмитриј Зиков го посети Институтот за хемија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe, каде што учествуваше во настан организиран од Сојузот на хемичари на Македонија, посветен на достигнувањата на македонскиот тим на овогодинешните меѓународни олимпијади по хемија.
На 60-тата Меѓународна Менделеевска олимпијада во Москва, младите хемичари освоија два бронзени медали, а на 58-мата Меѓународна олимпијада по хемија - еден бронзен медал.
Амбасадорот на Русија Дмитриј Зиков доби благодарница за неговата помош за учеството на македонските ученици на Меѓународната Менделеевска олимпијада.
Честитки до македонскиот тим! Им посакуваме понатамошен научен успех и сè најдобро.
Post #17098
147



- 👍 6
- ❤ 2